Две лица се убиени, а седум ранети додека снимале музички спот на паркинг во Хјустон

Фото: Твитер

Две лица се убиени, а седум повредени за време на напад врз филмска екипа која снимала музички зпот во близина на американскиот град Хјустон, јавува Си-Би-Ес њуз.

Локалниот шериф Ед Гонзалес денес изјави дека полицијата добила дојава за пукање во една населба. Група на момчиња снимале музички спот на еден паркинг, каде имало многу автомобили. Според зборовите на шерифот, друга непозната група ги нападнала и започнала да пука кон нив. Не се знае дали напаѓачите биле во некој од автомобилите или пристигнале на локацијата од непознат правец.

Кај две лица веднаш е констатирана смрт, додека останатите се префрлени во болница. Надлежните се обидуваат да ги дознаат мотивите за нападот.

На прашањето од новинарите дали станува збор за пресметка на улични банди, Гонзалез не ја исклучи таа можност.

– Не ја искучувам таа можност, но сега не можам ништо со сигурност да кажам, бидејќи едноставно се уште ништо не знаеме – рече шерифот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот