Две лица се повикани на разговор заради повредениот кавадарчанец со две убодни рани од нож

Македонска полиција/ Фото: Миа

Две лица се повикани на разговор во врска со повредениот кавадарчанец со две убодни рани од нож, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

-Рано изутринава, во 00.10 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на крстосница од улицата „Браќа Џунови” и „7-ми Септември во Кавадарци”, кај фонтаната, имало повредено лице со убодни рани. По извршени проверки е констатирано дека станува збор за К.М. (28) од Кавадарци, рекоа од МВР.

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож е пренесено на скопска клиника

Се работи на расчистување на случајот.

Како што изјави д-р Благој Митев, хирург во кавадаречката болница, ноќеска после полноќ било донесено момче родено 1994 година.

-Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на Клиниката за торакална хирургија во Скопје, рече Митев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот