Две лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен- Слободен печат
Хроника

Две лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио". Тие биле пренесени во Општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо".

Две лица, од кои едното малолетно се повредени во тешка сообраќајна незгода што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со селото Куратица.

СВР Охрид соопшти дека несреќата се случила во 20:15 часот меѓу патничко возило „Сеат Леон” со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (23) од Битола и патничко возило „Рено Клио” со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.К. (22) од Охрид.

– Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио”. Тие биле пренесени во Општата болница, а подоцна и во болницата „Св.Еразмо”, каде им била укажана лекарска помош, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close