Две лица повредени во пожар во Визбегово (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Во СВР Скопје вчера напладне било пријавено дека настанал пожар во село Визбегово, скопско, во близина на Прифатниот центар, информира МВР.

Во пожарот била зафатена поголема површина со стрниште, при што две лица кои се нашле во близина се здобиле со повреди и ним им била укажана лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

Пожар во скопско Визбегово/ Фото: Фејсбук

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот