Две лица починаа, 44 оздравени и 13 нови случаи на коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 44 оздравени пациенти во: Скопје-5, Куманово-12, Прилеп-9, Велес-12, Битола-2, Кавадарци-1, Крушево-1, Неготино-2.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Прилеп на возраст од 55 години, хоспитализиран на 22 април, кој 13 дена бил приклучен на респираторна машина. Во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај како сомнителен на ковид-19, чиј брис постмортем покажал присуство на вирусот.

Во изминатите 24 часа направени се 292 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Куманово-1, Прилеп-3, Тетово-3, Велес-5 и Битола-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1539 , бројката на оздравени пациенти е 1057, на починати е 88, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 394. Последната дистрибуција по градови е следна:
•    Скопје – 515
    Куманово – 402
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –162
    Тетово – 93
    Струга – 67
    Велес – 86
    Битола –20
    Охрид –15
    Кавадарци – 5
    Гостивар –17
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-5
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 31
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 2
    Делчево-1
    Валандово -1
    Виница – 2
    Кратово-1

Направените 292 теста се преку: ИЈЗ –170, Ветеринарен ф-тет -23, Авицена –10, Биотек -30, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода  -12 и МАНУ -24.  Досега во земјата се направени вкупно 17836 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примен е 1 пациент, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 17. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 4 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 3 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот