Две лица од Ласкарци фатени со оружје, Обвинителство отвора истрага против нив

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Двајцата осомничени се испитани од надлежниот јавен обвинител при што го признаа делото.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле по едно кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

-Првиот осомничен, 26-годишник од селото Ласкарци, на 20 јули на булеварот “Илинден“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје пиштол марка EKOL Tiger за светлосна-звучна сигнализација, на кој била извршена дополнителна механичка интервенција, монтирање и поставување метална жлебна цевка. Со тоа пиштолот бил прилагоден во огнено оружје – полуавтоматски пиштол, во кој имало 5 куршуми со калибар од 6,35 мм. Оружјето и муницијата биле пронајдени во касетата на предното совозачко седиште од автомобилот со кој управувал осомничениот- наведува Обвинителството во своето соопштение.

Во исто време, на истата локација бил сопрен уште еден автомобил во кој како совозач бил вториот осомничен на возраст од 32 години, исто така од селото Ласкарци. Кај него бил пронајден пиштол марка TOKAREV Tokagypt 58 со една рамка со седум куршуми.

Двајцата осомничени се испитани од надлежниот јавен обвинител при што го признаа делото.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерки на претпазливост за двајцата осомничени – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавуваат повремено кај определени службени лица и привремено да им бидат одземени патните исправи – пасоши.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот