Две лица од Кочани уапсени за 11 тешки кражби

На 19.10.2020 полициски службеници од ОВР Кочани расветлија 11 кривични дела „тешка кражба“, извршени на подрачјето на Кочани, откако по наредба од Основен суд Кочани извршиле претрес во домот на Д.А(19) од Кочани, кој ден претходно бил лишен од слобода заедно со М.К.(23) од Кочани, откако биле затекнати во вршење на кривично дело „тешка кражба“ од репетитор-базна станица на телекомуникациски оператор.

При извршениот претрес биле пронајдени и одземени 32 предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ од базни станици. Поради основи на сомнение дека се извршители на овие кривични дела, ОВР Кочани против Д.А. и М.К. ќе поднесе соодветна пријава.

Одделението за внатрешни работи Кочани презема засилени мерки и активности за расветлување и на други кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот