Две лица тешко повредени во сообраќајка во штипската населба „Сењак”

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Деветнаесет годишно момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа, што се случи попладнето во штипската населба Сењак, во близина на трговскиот центар ,„Елкос”.

Несреќата се случила меѓу патничко возило „венто” управувано од 71 годишен возач и мотор, управуван од 19 годишното момче, негов сопатник бил и 17 годишен малолетник.

Портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска информира дека во болницата примени се две лица, од кои едното со повреди на главата и е во шок соба. Во тек се снимања и прегледи.

Полицијата и јавен обвинител извршија увид на местото на несреќата, а кои треба утврдат како се случила незгодата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот