Две лица се уапсени за убиство во хотел во Приштина

Две лица се уапсени бидејќи се осомничени за денешното убиство на едно лице во хотел во населбата Арберија во Приштина, јавуваат „Репортери“.
„Обвинителот донесе решение за притвор на А.М. и М.М., кои се примени во болница, под полициски безбедносни мерки, а кои се осомничени за кривично дело ‘тешко убиство’“, изјави Љаурета Уљај, портпаролка на Основното обвинителство на Приштина.
Косовската полиција денеска соопшти eдно лице го загуби животот додека други две се повредени во престрелка што се случи денеска во хотел во населбата Арберија во Приштина.
Портпаролката на косовската полиција за регионот на Приштина Фљора Ахмети, за РТК изјави дека пукањето во полиција било пријавено денеска околу 12.30 часот. Според неа, по пристигнувањето на полицијата и медицинските екипи на местото на настанот, истите констатирале смрт на едно лице, додека другите две лица се испратени на понатамошно лекување.
„Според првичните информации, едно лице е повредено од огнено оружје и починало на лице место, лекарската екипа ја констатирала смртта, додека уште две повредени лица се упатени на понатамошно лекување. Во моментов полициски истражители во координација со државниот обвинител работат на расветлување на сите околности поврзани со овој настан“, изјави портпаролката.