Две лица се повредени откако со возило излетале во Тетовско

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Вчера во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат на влез кон с.Мерово, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(75) од с.Мерово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возочот и сопатникот Ќ.А.(69) од с.Мерово, констатирани во Клинички центар Тетово.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот