Две идентични јадења, но едно има двојно повеќе калории: Можете ли да погодите кое?
Нутриционистката Пола Норис од Бризбејн сподели фотографија од две скоро идентични јадења со зеленчук, месо и ориз – но еден оброк содржи 245 калории повеќе од другиот.
Пола со оваа споредба на две идентични чинии на изглед, објаснува дека ако смените само неколку состојки, може значително да ја намалите калориската вредност на оброкот – од 683 на 438 калории.
Диететичарката ја намалила количината на пилешко и ориз, и додала двојно повеќе зеленчук во чинијата која има помалку калории, а оброкот повторно изгледа богато како чинијата со максимални калории. Кога станува збор за сосот, таа наместо мед користела сок од лимета.
– Како што можете да видите, со неколку мали замени на состојки можете да ја намалите калориската вредност на храната, а во исто време да добиете доволно протеини за да бидете сити, како и да го зголемите внесувањето на микроелементи (витамини и минерали) преку зеленчук – напиша Пола, која има повеќе од 114 000 следбеници на својот инстаграм-профил.
Пола предлага да избегнувате додавање на дополните шеќери преку сосови колку што е можно повеќе.
– Се разбира, јадењето на десната страна е совршено добро, особено ако имате поголема потреба за калории – објасни таа.
Многумина ја пофалија Пола со позитивни коментари по споделувањето на фотографија во која се споредуваат двата оброка.
– Благодарение на вашите објави, почнав да јадам сè повеќе оброци побогати со зеленчук. Се чувствувам подобро, имам повеќе енергија и не чувствувам подуеност по оброците – напиша една жена во делот за коментари.
– Ова е супер. Јас секогаш сметав дека треба да додадам повеќе месо во мојот оброк, за да бидам сита. Значи, ова е добар потсетник да размислиме за додавањето поголема количина зеленчук во нашите секојдневни оброци – напишала друга личност во коментарите.
Пола е позната по тоа што ги споредува и илустрира оброците на одличен начин да им покаже на луѓето колку две многу слични јадења можат да имаат различни калориски вредности.