Две и пол години затвор за наставничката која имаше секс со своите ученици (ВИДЕО)

Фото: Дејли мејл

Мажена наставничка од Нов Зеланд (37) е осудена на две и пол години затвор, бидејќи имала сексуални односи со двајца студенти.

Во 2018 година, жената, вработена во колеџот Бленхајм на Северниот остров, за време на ручекот во повеќе наврати ги носела учениците тинејџери во својот автомобил, каде имале секс.

Таа е во брак со полицаец и во училиштето работела 12 години, пред да и биде укината дозволата за работна настава, поради нејзината врска со тинејџерите, пренесува Дејли Меил.

Судијата Тони Зохраб пред судот изјавил дека наставничката на момчињата им испраќала сексуално експлицитна содржина на социјалните мрежи и им се заканувала на никој да не ја откриваат „нивната тајна“.

Адвокатите на наставничката тврдат дека куќниот притвор би бил  најдобрата форма за рехабилитација за неа, заради нејзините постојни проблеми со менталното здравје.

Обвинителите пак, рекле дека доколку таа била маж, а жртвите се девојчиња, службата во заедницата никогаш не би се сметала за казна.

-Ова е сексуално експлоатативно однесување на возрасена личноста, која во судот кажа: „Вие бевте студенти, а јас бев вашата возрасна учителка“. Таа емотивно манипулирала со двете момчиња, исто така постоела и одредена доза на принуда – рече обвинителот Марк О Донхју.

Адвокатите на наставничката бараа нејзиното име да се поттисне и кажаа дека нејзините деца биле малтретирани, откако луѓето дознале за обвиненијата против нивната мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот