Две години условна казна за поранешен бугарски министер

Специјалниот кривичен суд во Бугарија денеска го прогласи поранешниот министер за економија и енергетика Румен Овчаров за виновен и го осуди на две години затвор, условно три години.

Овчаров, кој беше дел од Кабинетот на премиерот Сергеј Станишев од 2005 до 2007 година, го лошо раководел со рудникот за јаглен „Бобов Дол”, бидејќи не ги искористил своите овластувања за да го контролира бизнисот на извршниот директор Пламен Стефанов, кој незаконски го приватизирал рудникот и со тоа ја оштетил државните каса за повеќе од 16,5 милиони лева (околу осум милиони евра).

Вкупната штета предизвикана од Овчаров се проценува на 22,7 милиони лева (околу 11 милиони евра), а судот го објасни изрекувањето на условната казна со фактите дека Овчаров нема криминално досие, како и дека кривичното дело е сторено одамна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот