Две експлозии одекнаа во складиште за оружје во Турција (ВИДЕО)

Најмалку 17 лица се повредени во две експлозии во складиште за оружје во југоисточниот дел на Турција.

Двете експлозии одекнале доцна синоќа во складиштето на Командата на механизираната бригада во провинцијата Санлиурфа, на границата со Сирија. Во нив повредени биле 16 војници и еден цивил, кој се наоѓал на терасата од својата куќа во близина на складиштето.

Гувернерот на провинцијата Абдулах Ерин изјави дека по експлозијата избил пожар, што екипите набрзо го ставиле под контрола.

Ерин наведе дека е отворена истрага која треба да ја утврди причината за несреќата, додавајќи дека засега во оптек е варијантата дека станало збор за „техничка грешка”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот