Две деца загинаа во сообраќајка кај Струмица

Несреќа со трактор/ Фото: МИА

Несреќата се случила на локалниот пат меѓу селата Добрејци и Пиперево.

Две деца, на возраст од 14 и 15 години, загинале во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на мост на реката Струмица, на локалниот пат меѓу селата Добрејци и Пиперево, потврдила портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Сообраќајната несреќа се случила околу 15.15 часот. Тракторот со кој превезувале двете деца се превртел и паднал во реката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот