Две деца се повредени во сообраќајна несреќа во Охрид

Полиција/ фото: МВР

Две малолетни лица се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на булеварот „Железничка” во Охрид.

До несреќата дошло кога моторно возило со струшки регистерски таблички удрило во две деца кои поминувале преку коловозот.

Двете деца биле префрлени во Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо” од кои едното со потешки телесни повреди.

На лице место увид изврши екипа на СВР Охрид, од каде најавија повеќе информации околу причините и околностите во врска со несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот