Две деца нападнати во основни училишта во Скопје и Тетово

Празна училница/ Фото EPA-EFE/CRISTIAN HERNANDEZ

Две деца претрпеле физичко насилство во основни училишта во Скопје и Тетово – едното за време на час од соученик, а другото од 42-годишник во училишниот двор, соопшти МВР.

Првиот инцидент за кој информираат од полицијата се случил вчера за време на час во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, кога дете било физички нападнато од друг ученик.

За настанот бил запознаен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.

Во вториот случај, тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.С.(42) од Боговиње, тетовско, кој во двор на основно училиште во селото, физички нападнал малолетник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот