Двата бубрега му тежеле рекордни 35 килограми, гмечејќи му ги срцето, желудникот и белите дробови

На Ворен Хигс (54) од Виндзор, Англија, лекарите неодамна му ги отстраниле двата бубрега, откако тие се зголемиле, како што велат хирурзите,  до „рекордна“ големина.

Тој бил подложен на двочасовна операција на отстранување на органите со вкупна тежина од 35 килограми, пишува Би-би-си.


Таткото на едно дете, кој има полицистична бубрежна болест, вели дека хирурзите му рекле дека „на кој било начин да се измери“ тој поставил нов рекорд, а и разликата во големината на неговиот стомак пред и по операцијата е „исклучителна“ ,  додава тој.

Хигс изјавил дека неговиот десен бубрег тежел околу 15 килограми, со дополнителни пет литри течност, додека најтешкиот бубрег на светот досега бил отстранет во Индија и тежел 7,4 килограми.

– Хирургот потврди дека моите органи се најтешки, без разлика дали ги мерите со или без течност. Не сум горд на мојот рекорд – рече Хигс.

Пред пет години, оваа наследна здравствена состојба довела до зголемување на бубрезите на Хигс за пет пати во однос на нивната нормална големина. Тогаш на Ворен му било кажано дека му е неопходна операција, бидејќи бубрезите почнале да ги гмечат неговите бели дробови, желудникот и срцето, а состојбата предизвикала и растење на стомакот.

Хигс сега се вратил на тренинзите во вежбална и се радува на учеството во триатлон, и покрај дијализите на кои оди секој втор ден.

Mr Higgs used to enjoy taking part in sporting events like triathlons

Фото: Фејсбук

Тој се надева дека следната година неговото име ќе се најде во регистарот за трансплантација на бубрегот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот