Дванаесетгодишник скокнал од возило во движење и избегнал КИДНАПИРАЊЕ: Влегов дека беше љубезен, а потоа ме праша нешто СТРАШНО

Фото: Принтскрин

Дванаесетгодишик скокнал од автомобил кој бил во движење кога сфатил дека го вози проблематичен човек во Бојтон Бич, во американската сојузна држава Флорида.

Детето рекло на полицијата дека во средата излегло од школскиот автобус, кога покрај него застанал маж во бел камион и му понудил превоз. Му рекол дека постојано пренесува деца и дека тоа е нормално.

Возачот бил Тимоти Х. Милер, кој е уапсен и обвинет за киднапирање, насилен отпор при апсење и запоставување деца.

„Имаше пријателска насмевка и делуваше љубезно“, рекло детето на полицијата. Меѓутоа, само што тргнале Милер „чудно го погледнал“ и го прашал дали има некаква дрога.

Детето се уплашило и пробало да ја отвори вратата, по што Милер нагазил на гасот. Детето сепак успеало да рипне од колата, но при падот ја удрило главата и се онесвестило.

За среќа, таа драма ја виделе неколку луѓе, кои веднаш притрчале и викнале полиција. Детето било полесно повредено и се завршило со модрици и гребнатинки.

Еден од сведоците тргнал по Милер, го стигнал и му го блокирал возилото, а потоа го држел додека не дошла полицијата.

Милер на испрашувањето рекол дека мислел дека од децата може да набави дрога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот