Дванаесет обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Предлози за издавање казнени налози поднесе Основното јавно обвинителство Скопје против 12 лица обвинети за Непостапување според здравствените прописи, кривично дело предвидено и казниво согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за веме на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.

Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот