Двајт Хауард наскоро во дресот на Голден стејт вориорс!?

Двајт Хауард е пред преселба во редовите Голден стејт вориорс, пренесуваат американските медиуми. Хауард (38) последен пат играше во НБА кошаркарската лига во сезоната 2021/2022 за тимот на Лос Анџелес лејкерс.
Според информациите, искусниот центар наскоро ќе го облече дресот на Голден стејт, а првите луѓе на клубот по подготвителниот период треба да одлучат дали треба да биде во тимот.
Хауард до сега играше во Тајван за екипата Тахуан леопардс каде во просек постигнува 23,2 поени и 6,2 скока по натпревар.
Покрај Лејкерси, во НБА лигата играше и за Филаделфија, Вашингтон, Шарлот, Атланта, Хјустон и Орландо. Хауард петпати се наоѓаше во најдобрите „петорки“ во НБА во својата кариера, а осумпати играше на Ол-стар натпреварот. Тој ја освои титулата во НБА во 2020 година со Лејкерси.
Со репрезентацијата на САД дојде до златниот медал на Олимпијадата во Пекинг 2008 година, а се закити и со бронза на Светското првенство 2006 во Јапонија.