Двајцата најлоши напаѓачи во Европа играат во ист клуб

twitter/BBC Sport

Шефилд јунајтед претставува пријатно изненадување во Премиер лигата, но во своите редови има двајца напаѓачи кои се меѓу најлошите во Европа според ефикасноста.

Екипата која се врати во Премиер лигата, пред почетокот беше еден од главните кандидати за испаѓање, но изненадувачки е во игра за пласман во Лигата на шампионите. Успехот на Шефилд добива на тежина поради катастрофалниот учинок на неговита напаѓачи кои се меѓу најлошите во Европа.

Дејвид Мекголдрик и Оливер Мекбурни заедно одиграа 46 натпревари сезонава, имаа 27 изгледни шанси за гол, но постигнаа неверојатни два гола. Двата гола беа дело на Мекбурни, додека Мекголдрик сè уште го чека првенецот оваа сезона.

Според статистиката на SofaScore, Мекголдрик имаше дури 15 големи шанси за постигнување гол, но ниту еднаш не ја затресе мрежата. Според статистиката на SofaScore која вклучува најмалку 10 изгледни шанси, Мекголдрик е најлош напаѓач во најдобрите пет лиги. Тој во 20 настапи во дресот на Шефилд може да се пофали само со две асистенции.

Мекбурни успеа да ја затресе мрежата четири пати, но доколку се гледаат големите и изгледни шанси, статистиката покажува дека тој постигнал само два гола од 12 шанси и неговата ефикасност изнесува само 17%. За овој учинок му беа потребни 26 натпревари за Шефилд во Премиер лигата.

И покрај ваквата катастрофална игра на своите напаѓачи, Шефилд јунајтед се наоѓа на седмото место на табелата со 40 бодови, само четири помалку од Челси кој е на четврти, позиција која носи пласман во Лигата на шампионите идната година.

Главна заслуга за високиот пласман има одбраната на Шефилд која прими само 25 гола на 27 натпревари и во тој сегмент е втора во Премиер лигата, веднаш зад одбраната на Ливерпул која прими само 17 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот