Двајцата најголеми фудбалски таленти влегоа во Гинисовата книга на рекорди

Гинисовата книга на рекорди секоја година се освежува со нови неверојатни достигнувања, а изданието за 2020 година е дополнето со три фудбалски рекорди.

Еден од нив е шестата Златна топка која ја освои Лионел Меси во 2019 година со што стана најтрофејниот фудбалер на сите времиња.
Останатите два рекорди се на идните фудбалски ѕвезди, Ансу Фати и Ерлинг Халанд кои уште како тинејџери покажуваат дека ќе бидат достојни наследници на Меси и Кристијано Роналдо.

Фати во Гинисовата Книга на рекорди се најде поради тоа што стана најмладиот стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Фудбалерот на Барселона на 19. декември 2019 година во победата на неговиот тим од 1:2 против Интер, имаше 17 години и 40 дена кога го постигна првиот гол на натпреварот.

Од друга страна, Халанд е дел од Гинисовата книга на рекорди бидејќи во дресот на Норвешката репрезентација со 20 години на Светското првенство му даде дури девет гола на Хондурас.

Извор: Вијести.ме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот