Двајца загинати во рударска несреќа во Косово

Фото: МИА

Две лица загинаа во денешната несреќа во рудникот Ново Брдо, кој се наоѓа во приштинскиот округ, откако биле затрупани од одрон на земја, објавија косовските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, вршителот на должноста извршен директор на рудниците Трепча, Хисен Врајоли изјави за порталот „Газета Експрес” дека животот го загубиле еден инженер и еден рудар.

– Се случи одрон на земја и потврдено е дека има двајца загинати, инженер и рудар. Одиме кон местото на настанот и според информациите кои ги имаме моментно, во несреќата нема инволвирано други лица – изјави Врајоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот