Двајца загинати во оружен инцидент пред клуб во Хјустон

Во стампедо на музичкиот фестивал во Хјустон загинаа 9 лица/Фото: Скриншот

Напаѓач пукал во полн ноќен клуб во Хјустон во понеделникот рано наутро, пред да биде убиен од заменик-шерифот кој не бил на должност. Тој работел како чувар во клубот.

Напаѓач пукал во полн ноќен клуб во Хјустон во понеделникот рано наутро, пред да биде убиен од заменик-шерифот кој не бил на должност. Тој работел како чувар во клубот.

– Напаѓачот започнал да пука во клубот „Кле” во понеделникот во 01.21 часот, по што бил застрелан од заменик-шерифот на округот Харис, изјави началникот на полицијата Трој Финер.

Во пукањето загина уште едно лице, а две се ранети, од кои едното е во критична состојба, пренесе „Дејли меил”.

Полицијата во Хјустон синоќа потврди дека заменикот го убил напаѓачот, но не е познато кој ги погодил преостанатите три лица. „Сигурно е дека тоа не бил заменикот”, соопшти полицијата.

Двете лица кои биле повредени се пренесени во болница, едното во критична состојба, а другото било пуштено на домашно лекување откако му е санирана раната на ногата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот