Двајца загинати во нападот со нож во Лондон

Фото: Профимедиа

Две лица се убиени во денешниот напад со нож во близина на Лондонскиот мост, по што е убиен и напаѓачот во кого пукаше полицијата, јави Би Би Си.

Лондонската полиција соопшти дека овој инцидент го третира како терористички напад. Полицијата исто така соопшти дека напаѓачот кај себе имал лажна бомба.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан претходно изјави дека полицијата повеќе не трага по никого во врска со инцидентот и притоа го пофали „хероизмот од кој сопира здивот” што го покажале граѓаните кои притрчале кон осомничениот и го разоружале.

Подоцна полицијата го уби напаѓачот.

Британскиот премиер Борис Џонсон ја пофали исклучителната храброст на граѓаните кои физички интервенираа за да ги заштитат другите луѓе и се заблагодари на полицијата и итните служби за брзата реакција.

– За мене тие претставуваат најдоброто нешто што го има нашата земја и јас им се заблагодарувам во име на целата земја – рече Џонсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот