Двајца загинати, еден повреден во пукање на универзитет во Тексас (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а едно лице е повредено откако напаѓач отвори оган во салата за престој на универзитетот А&M денес во сојузната американска држава Тексас.

Повредениот е пренесен во болница и за неговата состојба сè уште нема информации, информираше полицијата. Пукањето се случило во дел од универзитетот каде престојуваат студенти од прва година. Во моментов сите предавања се откажани, а студените евакуирани.

Во следниот период се очекуваат повеќе информации за настанот.

Предмалку во САД уште една жена загина, а петмина беа повредени откако маж отвори оган во автобус на релација Лос Анџелес – Сан Франциско.

Калифорнија: Една жртва и пет повредени откако напаѓач отворил оган во автобус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот