Двајца возачи во болница по директен судар кај Битола

Сообраќајна несреќа се случила вчера околу 10.30 часот на патот Новаци – село Ношпал во која учествувале возило „фолксваген поло“ управувано од С.В.Т.(50) од битолското село Лавци и „даеву ланос“ кое го управувал И.С.(55) од битолското село Новаци.

Според полицијата, во незгодата С.В.Т. здобила тешки повреди, а И.С. минал со полесни повреди. На двајцата им била укажана лекарска помош во клиничката болница во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот