Двајца возачи тешко повредени во сообраќајка кај Зајас

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

Синоќа околу 19 часот во кичевското село Зајас, на место викано „Туфковско маало“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи галопер“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.В.(34) од с.Колари и патничко возило „сеат ибица“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(41) од с.Колари, информира МВР.

По незгодата, двајцата возачи биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде што на Е.Е. му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на ОВР Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот