Двајца убиени во престрелка во германскиот град Еспелкамп

Две лица загинаа при пукање во центарот на западно германскиот град Еспелкамп, а напаѓачот е во бегство, објавија локалните медиуми.

Весникот „Билд“ пренесува изјава на полицијата дека напаѓачот е во бегство и дека потерата е во тек.

„Таг 24“ пишува како маж и жена биле убиени. Локалните медиуми објавија дека една жртва била нападната во станбена зграда, а друга во близина.

Еспелкамп, град со 20.000 жители, се наоѓа во државата Северна Рајна-Вестфалија, во близина на Хановер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот