Двајца тешко повредени на патот Градско-Неготино и Неготино-Демир Капија

Увид извршила екипа од СВР Велес.

Две лица вчера се здобиле со тешки телесни повреди на патот Градско-Неготино и на Неготино-Демир Капија.

– Вчера околу 15 часот на регионалниот пат Градско-Неготино, патничко возило „ауди” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал. Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Велес, соопшти Додевски.

Претходно, во 9 часот на регионалниот пат Неготино-Демир Капија, во близина на место викано „Острово”, С.Д.(69) од Скопје, управувајќи мотоцикл „томопар 150Т” со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Прочитајте и...  Среде пат оставено малолетно момче со прострелна рана на ногата

Додевски информира дека вчера во 13 часот во ОВР Кавадарци, Д.Т.(57) од Кавадарци пријавил дека околу 10 часот, по кратка расправија, настанала физичка пресметка меѓу него и неговите соседи на возраст од 68 и 46 години. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Среде пат оставено малолетно момче со прострелна рана на ногата

Слободен печат

Над 20 наставници од Драчево изготвувале лажни сведителства за основци

Слободен печат

Сообраќајка во Тетово, повредени шестгодишно дете и неговата мајка

Слободен печат

Повредениот во сообраќајката кај Дреново во добра здравствена состојба испишан од велешката болница

Слободен печат

Моника Ристеска: Татко ми ме претепа зашто бев да земам чипс од шкафчето во кујна

Мирослава Бурнс

Пожар во семејна куќа во Прилеп

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

За време на полициски час албански државнани влегле во државава и се шетале на Рамазан Бајрам

Слободен печат

Се запали и целосно изгоре автомобил на регионалниот пат Чашка-Велес

Слободен печат

Физички пресметки во Велес и велешко Рудник за време на полицискиот час

Слободен печат

Тепачка меѓу соседи во Кисела Вода

Горан Наумовски

Десет приведени за полициски час, девет од нив и за нарушен јавен ред и мир

МИА Агенција

Среде полициски час, маскирано лице запалило познат скопски ресторан (ВИДЕО)

Слободен печат