Двајца скопјани нападнати од кучиња скитници

Првиот инцидент се случил во Ѓорче Петров, а вториот во Кисела Вода.

Жител на Ѓорче Петров и негов сограѓанин од Кисела Вода, вчера биле нападнати од кучиња скитници, извести полицијата.

Вчера околу 11 часот во полициската станица Ѓорче Петров М.Р.(56) од Скопје пријавил дека во населбата „Даме Груев“ бил каснат од куче скитник за левата нога.

Околу 17 часот во полициската станица Кисела Вода М.С.(35) од Скопје пријавил дека на улицата „Мариовска“ бил каснат од куче скитник за левата потколеница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот