Двајца повредени во судар на трактор и мотор

Фото: МИА

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Вчера во 16.32 часот било пријавено дека во Битола кај селото Средно Егри се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „солис“ управуван од М.Н.(38) од Средно Ерги, и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.К.(21) од село Могила.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки повреди, а сопатникот од мотоциклот, Д.С.(28) од Средно Ерги, битолско, се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот