Двајца повредени во судар кај Битола

Фото: МИА

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Возач на автомобил и патничка во автобус се повредени во сударот кој доцна синоќа се случил меѓу двете возила во Битола.

Според МВР, во инцидентот на улицата „Македонска фаланга“ околи 22.40 часот учествувале автомобил „хундаи“ и автобус од марката „ман“. Притоа, со тешки повреди се здобил возачот на автомобилот, 41-годишниот Н.Т. од селото Горно Оризари, битолско.

Повреди биле констатирани и кај 25-годишната битолчанка патничка во автомусот, на која исто така медицинска помош ѝ била укажана во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот