Маж и дете се повредени во сообраќајка во Скопје

Фото: МИА

Вчера во 15 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од булеварот „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, управувано од Ж.Д.(39) од Скопје, патничко возило „волво“, управувано од З.А.(47) од Скопје и мотоцикл „сузуки“, управуван од К.А.(46) од Скопје, сите три со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а 15-годишниот сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот