Двајца повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Двајца возачи од Виница и од Штип се тешко повредени во сообраќајната несреќа која што се случи на патот Штип – Радовиш, кај м.в. Шести километар, или кај винарската визба ИМАКО.

Според првичните информации од СВР Штип, во несреќата учествувале камион „ТАМ” и комби при што дошло до судир меѓу двете возила. За причините, надлежните од СВР велат дека ќе информираат во текот на денот по завршување на истрагата.

Повредени се двајцата возачи во двете возила кои пренесувале, едниот сено, а вториот безалкохолни пијалаци и се хоспитализирани во штипската клиничка болница.

Штипските пожарникари веднаш реагирале и излегле на терен, вели Тони Атанасов, командир на штипската противпожарна единица. И двајцата возачи се извлечени од возилата.

Во моментов сообраќајот се одвива во една коловозна лента и го контролира сообраќајна полиција.

Инаку, ова е позната црна точка на патот Штип – Радовиш каде што постојано се случуваат вакви тешки сообраќајни несреќи, а голем дел од нив завршуваат и со фатални последици, односно има жртви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот