Двајца повредени во сообраќајка на патот Радовиш – Струмица

Од страна на увидна екипа на МВР бил извршен увид на местото на незгодата.

Вчера околу 10 часот во полиција е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, пред надвозникот за селото Јаргулица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат браво“ управувано од Љ.Ѓ.(47) од радовишкото село Ињево и товарно возило „фиат дукато“ управувано од С.А.(23) од Свети Николе.

Во незгодата Љ.Ѓ. здобил тешки повреди, па бил пренесен во клиничкиот центар во Штип, а со полесни повреди се здобил С.А. Од страна на увидна екипа на МВР бил извршен увид на местото на незгодата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот