Двајца повредени во сообраќајка кај Лојане – Слободен печат
Хроника

Двајца повредени во сообраќајка кај Лојане

Повредените се пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош.

Кумановската полиција извести дека вчера во атарот на селото Оризаре, на регионалниот пат Липково – Куманово, Е.Е. (19) од селото Отља, управувајќи возило „даихатсу“ удрила во пешакот А.Р. (23) од село Лојане.

Во незгодата тешки повреди здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил Ј.Е., сопатник во возилото. Тие биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close