Двајца повредени откако „голф“ удри во куќа

Сообраќајка/Илустративно фото: МИА

Две момчиња на возраст 16 и 17 години завршиле во болница во Тетово, откако со автомобил „голф” ноќеска удреле во ѕид од куќа во тетовско Теарце.

Како што соопшти СВР Тетово, возилото го управувал 16-годишник кој немал положено за возачка дозвола, излетало од коловоз и удрило во ѕид од куќа.

Двајца сопатници од „голфот” биле пренесени во тетовската клиничка болница.

Тетовската полиција бележи и случај на 27-годишник кој без возачка дозвола управувал возило „БМВ” и удрил и повредил велосипедист на улица „Благоја Тоска” во Тетово синоќа околу 19.20 часот.

СВР Тетово информира дека 27-годишниот А.И. од тетовско Селце, удрил во 70-годишниот тетовец Н.Е., по што го напуштил местото на настанот, но потоа самиот се пријавил во тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај.

Велосипедистот Н.Е. поради здобиените повреди е задржан на болничко лекување во тетовската клиничка болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот