Двајца полицајци тепале затвореник во струмичкиот затвор

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против П.П.(31) од село Василево и А.М.(25) од Струмица, двајцата полициски службеници, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата”, казниво по член 143 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од струмичката полиција.

Како што стои во соопштението, двајцата полицајци вчера околу 09:45 часот имале наредба да достават пресуда на осуденикот Ј.А., кој издржува казна во Затворот во Струмица. Откако затвореникот почнал непристојно да се однесува кон нив, тие физички го нападнале во присуство на вработени во затворот и постапиле несовесно за време на вршењето на службата.

По пријавувањето на настанот полициски службеници од СВР Струмица во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола презеле мерки за целосно расчистување на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот