Двајца оздравени од Ковид-19 во Велес, четвртти ден без новозаболени

Велешка болница / фото: Слободен печат, архива

Граѓаните да носат  задолжителна заштитна опрема маски за лице и без групирања, предупреди градоначалникот Коцевски.

Според податоците од ЈЗУ Центар за јавно здавје во Велес денеска има двајца оздравени од Ковид-19 кои биле на домашно лекување. Инаку, во градот веќе четвртти ден нема новорегистриран со Ковид-19 или од 21-ви мај кога бројката беше 127 заболени. Во моментот, од нив активни се 41 лице.

Во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес, како што информира за МИА, Весна Неделковска Николова моментално на лекување се 19 пациенти, од кои кај 18 е потврдено присуството на овид-19,,а еден чека резултат од тест.

Градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференцијата во петокот апелираше до граѓаните и покрај тоа што последниве денови нема новорегистрирани со Ковид-19, тие сепак премногу да не се опуштааат и да бидат претпазливи. Да носат  задолжителна заштитна опрема маски за лице и без групирања и држење на растојание од два метри, а се со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот