ДВАЈЦА НА „ТАПЕТ“: Барса ќе мора да продава, во спротивно ќе има проблеми!
Според информациите кои ги пренесува „ЕСПН“, Барселона би можела да се најде во големи проблеми наредното лето. Барса мора да заработи 125 милиони евра од продажба на фудбалери доколку не сака да ја загрози финансиската стабилност и избегне евентуална истрага околу финансиски фер-плеј.
Првите двајца од кои би можел каталонскиот гигант да се „ослободи“ во оваа ситуација се Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ.
Бразилецот игра на позајмица во Баерн кој засега е задоволен од играчот и би сакал да го откупи доколку продолжи со добрите партии.
Фиксната откупна клаузула изнесува 120 милиони евра што практично би било доволно да го реши прашањето околу финансиите.
За Ракитиќ минатото лето беа заинтересирани неколку клубови, но Хрватот ја одби можноста да се пресели во ПСЖ, Интер или Јувентус. Изгледа дека на крајот од сезоната сепак ќе мора да бира…