Двајца мотоциклисти поврдени во судар со автомобили

Фото: Принтскрин

Во судар на „кавасаки“ и „ауди“ тешко повредени мотоциклистот и сопатникот, како и патниците во автомобилот.

Во Прилеп во судар со „пунто“ тешко е повреден возач на мопед, додека возач на четирицикл излетал од патот помеѓу Штип и Кочани.

Вчера во 17.30 часот на улицата „Перо Наков” се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки”, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(32) од Скопје и патничко возило „ауди А3″, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(32) од Куманово.

По несреќата мотоциклистот и сопатникот В.С.(31) од Скопје биле пренесени на скопската клиника каде било констатирано дека и двајцата имаат тешки телесни повреди, а повредени биле и возачот ДП (32) и сопатничката во автомобилот НП (33) кои биле пренесени во градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Вчера во Прилеп на улицата „Трајко Николоски” се случил судар меѓу автомобил „фиат пунто”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.П.(50) од Прилеп и мопед „апен А-6″, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.В.(66) од Прилеп.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди.

Тешко повреден е и возач на четирицикл марка „вилд 250″, без регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(28) од с.Калиманци.

Четирициклот излетал од патот, на регионалниот пат Прикланска крстосница – с.Бигла, кај место викано „Манастирски дол”, а возачот се здобил со тешки телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот