Двајца млади скопјани загинаа во сообраќајка во Чешка

Тешка сообраќајна несреќа се случила на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка. Во несреќата загинале двајца млади скопјани.

Станува збор за М.Б (30 години) и Д.Б. (27 години), кои се враќале кон својата татковина, односно кон Македонија, објави „ТВ21“.

Според чешките медиуми, автомобилот излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.

Според првичните сознанија, возило марка „БМВ“ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место – изјавила портпаролката на полицијата, Вероника Хиплерова.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот