Двајца мажи се шетале низ Куманово додека важел полицискиот час

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Јавен обвинител бара од судот тие да бидат казнети со 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​

Основното јавно обвинителство од Куманово до судот во градот поднесе барање за парична казна  против две лица, кои сеобвинети за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Двајцата обвинети на 25 овој месец за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија.

За стореното кривично дело, јавен обвинител бара казната да биде 50 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот