Двајца малолетници од скопско во полициски час затекнати во тетовско Озормиште

Македонска полиција/ Фото: Миа

Од 7 часот во саботата до 7 часот утринава СВР Тетово бележи пет случаи на непочитување на мерката за ограничено движење на поширокото тетовско подрачје. Две од петте лица се малолетници од скопски села кои биле затекнати во тетовското село Озормиште.

– Сите се приведени во полициска станица каде добиле кривични пријави за кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” согласно членот 206 од Кривичниот законик, информира денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на 41 лице, додека изјави за самоизолација потпишале вкупно 10 луѓе. Поради полицискиот час нема извршено контроли кај луѓето со решенија од инспекторатот и тие со самоизолација. Во изминатиот 24-часовен период за неносење заштитни маски изречени се 28 казни.

Граѓаните од сите тетовски општини од четвртокот во 21 часот до понеделник во 5 часот треба да останат во домовите согласно мерката за ограничено движење во насока на спречување на ширење на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот