Двајца македонски репрезентативци во идеалниот тим на СЕХА (ВИДЕО)

фото: СЕХА

Во оваа совршена „осумка“ се наоѓаат двајцата ракометари на битолскиот Еурофарм Пелистер, Митревски и Јотиќ, како и пивотот на шампионот Вардар, Стоилов.

Како што објави СЕХА Газпром лига, фановите ги избраа најдобрите осум играчи во ова регионално ракометно натпреварување.

Во оваа совршена „осумка“ се наоѓаат и двајца македонски репрезентативци, голманот Никола Митревски (Еурофарм Пелистер) и Стојанче Стоилов (Вардар).

Битолскиот ракометен клуб Еурофарм Пелистер има уште претставник на оваа листа, станува збор за хрватскиот интернационалец Ловро Јотиќ.

Покрај нив, тука се и левиот бек Расмус Лауге Шмид (Веспрем), средниот бек Ловро Јотиќ (Еурофарм Пелистер), десниот бек Микита Ваилупау (Мешков Брест), левото крило Давид Мандиќ (ППД Загреб) и десното крило Златко Хорват (ППД Загреб).

Моментно поради пандемијата на коронавирус, во прекин е СЕХА Газпром лигата (како и еврокуповите), од претходно е познато дека е одложен Ф4 турнирот кој што треба да се одржи во Задар, Хрватска.

Веќе се промовираа првите полуфиналисти, Мешков Брест (Белорусија) и ППД Загреб (Хрватска), а многу блиску да го направи истото е и Веспрем на нашиот Дејан Манасков кој во Нови Сад триумфираше над Војводина со пет голови разлика.

Останува да се види дали во последната фаза за трофејот ќе се најде и бранителот на титулата, Вардар кој славеше со 30:31 на гостувањето кај хрватскиот Нексе во првиот натпревар од четвртфиналниот двомеч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот