Двајца лекари од Ургентен центар се расправале на висок тон за пациент, отворена е дисциплинска постапка

Фото: Драган Митрески

Отворена е дисциплинска постапка на Ургентен центар, зашто ноќта, вторник кон среда, двајца лекари влегле во вжештена расправија на висок тон за пациент. Од наши извори на клиниката, дознаваме дека расправијата била меѓу двајца доктори зашто едниот барал пациентот инаку со болки да приложи тест за ковид па дури потоа да биде прегледан, а другиот лекар инсистирал пациентот да биде прегледан. Пациентот бил препратен на Ургентен од друга клиника, за да биде снимен на рентген.

Директорот на ТОАРИЛУЦ доктор, Илир Хасани за ,,Слободен печат” потврди дека имало инцидент и дека ќе следува дисциплинска постапка за да се утврди одговорност.-Имаше вербален конфликт но не беше на ниво да интервенира полицијата. Немало физички контакт меѓу лекарите, туку се закачиле за пациент. Покрената е дисциплинска постапка, се очекува изјава од колегата и ќе се утврдуваат фактите. Имало расправија за пациент префрлен од Неврохирургија, ни рече доктор Хасани.

Тензии неделава имало и на Детската клиника, но за овој случај морала да интервенира и полицијата. Во неделата, на петти јули, во комплексот клиники ,,Мајка Тереза”, поточно на Детската клиника, триесет и едногодишен маж од Скопје, ги навредувал вработените во одделот за Детска Клиника и викал на висок тон. Станувало збор за незадоволен родител, кој заработил прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот