Двајца кумановци заработија кривични пријави поради трговија со наркотици

СВР Куманово на 22.10.2019 поднесе кривична пријава против Е.Г.(37) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 20.08.2019 околу 21.20 часот полициски службеници извршиле преглед над него и на патничко моторно возило „југо“, со кумановски регистарски ознаки, со кое тој управувал, при што пронашле и одзеле амфетамини.

Другата кривична од СВР Куманово е поднесена на 22.10.2019, против Б.А (36) од Куманово, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 09.05.2019 околу 18.15 часот, полициски службеници при преглед на Б.А, пронашле и одзеле амфетамини и таблетки метилен – диоксиметамфетамин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот