Двајца кумановци починаа попладнево од коронавирусот

Се чувствувам многу несреќен, се надевам дека ќе успееме да ги надминеме овие мигови со моите кумановчани и сите граѓани на нашата земја, рече Димитриевски.

Уште двајца кумановци ја загубиле битката со коронавирусот, соопшти вечерва градоначаникот на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето на Топ Тема на Телма.

-Пред самото вклучување во емисија добив информација од Центарот за јавно здравје дека имаме уште двајца починати наши сограѓани во Куманово. Се чувствувам многу несреќен, се надевам дека ќе успееме да ги надминеме овие мигови со моите кумановчани и сите граѓани на нашата земја, рече Димитриевски.

Други детали за починатите Димитриевски не соопшти.

Тој вели дека за Куманово треба да се донесат уште порестриктивни мерки и забележува дека многу се калкулира со економијата.

– Ние треба да обезбедиме непречено да работат прозиводствените капацитети во рамки на потребите, да ја сведеме продажбата на храна и најнеопходни производи како што тоа го направивме викендов. Секој човечки живот е побитен од економијата, економијата се оживува, но човечкиот жвот не се оживува. Апелираме на поголем број на тестови. Ние повикавме претставници од министерството за здравство и од комисијата да ја посетат болницата и да ги проценат капацитетите, втор ден немаме одговор. Искрено да ви кажам се чувствувам дека сме оставени на сопствените ресурси на локално ниво. Неминовна е поголема поддршка, треба да се користат искуствата од терен, да се превенираат работите. Со денови бараме поголем број на тестирања, поголема ажурност на анкетарите. Куманово со два епидемиолога не може да се справи со една ваква пандемија, порача Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот